
Македонската влада ја укина „спорната точка“ која направи хаос во спортот. Престанува да важи одлуката за задолжително ПЦР тестирање на спортистите 72 часа пред почетокот на секој натпревар. Оваа одлука придонесе шампионатите во речиси сите спортови да бидат одложени изминатиот викенд.
„Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, за престанување на важење на препораката по однос на задолжително PCR тестирање на играчите и тренерите 72 часа пред почетокот на секој натпревар“, се вели во првата точка од Нацрт-записникот од 17. седница на Владата, одржана на 3. ноември.
Фудбалската Федерација на Македонија објави дека претстојниот викенд ќе продолжат шампионатите во Првата лига и во Вторите и Третите лиги.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal