Зинедин Зидан се врати во Реал Мадрид во 2019 година, а во неговиот договор била вметната клаузула во која се наведува дека ќе му плати на клубот огромна отштета доколку сам избере да поднесе оставка по вторпат.
Според клаузулата, Зизу би бил принуден да му исплати сума од 10 милиони евра на “кралскиот клуб” доколку реши да го напушти пред да му истече договорот. Сепак, на крајот, двете страни постигнаа заеднички договор со кој му се овозможи на тренерот да го напушти клубот без да плаќа казна.
Зидан го напушти Реал Мадрид во мај, а подоцна објави отворено писмо до навивачите на “белите” во кое објасни дека овој пат, тој си заминал поради недостаток на доверба во неговите способности. Шпанскиот тим не одговори на писмото на стратегот, но медиумите блиски до тимот тврдат дека раководството на Реал било повредено од ваквиот однос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













