Connect with us

Барди, конечно, со соиграчите (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди конечно го доби толку очекуваниот негативен ПЦР – тест по кој веднаш доби и дозвола да им се приклучи на соиграчите од националниот тим. Иако пристигна на првиот собир, тој практично и не ги виде своите колеги, бидејќи според протоколот мораше да остане изолиран во хотелската соба откако имаше позитивен тест на Ковид-19.

По повеќе од десет дена изолација и два позитивни теста во меѓувреме, денеска конечно дојде веста дека Енис Барди е негативен коронавирус. Тој веднаш им се приклучи на соиграчите на денешниот ручек и отсега ќе приклучи и во работата со тимот.

Фудбалската репрезентација на Македонија во вторник патува за Букурешт, а на 13 јуни ќе го игра историскиот прв меч на европските првенства, против Австрија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови