Македонија ЃП со стил го освои Кратово совладувајќи го Силекс на гости со 0-3. „Лавовите“ продолжуваат во жесток победнички ритам и се зацврстија на третата позиција на табелата со 22 бода.
Фернандо во 51.минута го отвори резултатот од слободен удар, а на тоа кумуваше катастрофалната интервенција на домашниот голман Даниел Божиновски. Тој едноставно не реагираше на топката која отскокна пред него и заврши во мрежата.
Потоа беше се полесно за ѓорчепетровци. Силекс комплетно се отвори, а се појави простор за Македонија ЃП да зададе нов удар. Во 77.минута, Кристијан Филиповски зголеми на 0-2, а во финишот и Калид Абдул ја погоди мрежата на Силекс за конечни 0-3.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Фудбалот е богатство, различност, демократија, и може да ве направи бесмртен
ФУДБАЛОТ Е ЕВРОПСКА ИГРА Фудбал се игра насекаде низ светот, но Европа со сигурност...
Автор makfudbal