Фудбалската репрезентација на Австрија, нашиот прв ривал на Европското првенство, синоќа загуби од Англија со 1-0 во Мидлсборо, во првиот тест – меч пред почетокот на големото натпреварување. Сепак, Австријците прикажаа одлична игра, создадоа неколку шанси, Сабицер ја погоди гредата и селекторот Франко Фода верува дека неговиот тим ќе биде максимално подготвен за предизвикот на ЕП.
„Одигравме квалитетен меч и покрај поразот. Имавме неколку шанси, мислам дека дури и повеќе опасни можности пред голот на Англија, отколку противникот. Треба да поработиме на реализацијата, но верувам дека ќе има голови на ЕП. Да не заборавиме, игравме против Англија, една од најквалитетните селекции во Европа. Мислам дека до мечот против Македонија ќе бидеме супер – подготвени“, изјави Франко Фода.
Тој се посвети и подетално на играта на австрискиот тим.
„Трениравме добро оваа недела, а тимот делумно го покажа тоа на теренот. Нормално, немате толку многу шанси против апсолутно врвен тим. Имавме четири и моравме да претвориме во гол барем една. Ќе продолжиме да работиме на офанзивата. Но, јас сум целосно убеден дека одиме според планот и дека повторно ќе постигнуваме голови на следните неколку натпревари. Даниел Бахман ја искористи својата шанса на голот. Му дадовме шанса да се покаже. Тој го заслужува тоа. На голманската позиција имаме јасен план“, истакна селекторот на Австрија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski