Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски ќе им се приклучи на соиграчите од националниот тим на Европското првенство. Тој се опоравува по операцијата на коленото и нема да може да настапи, меѓутоа ќе биде заедно со останатите репрезентативци во базата за ЕП во Букурешт. Заедништвото е една од најсилните карактеристики на фудбалската репрезентација на Македонија, а Нестор-гол сигурно ќе им биде голема поддршка на соиграчите и неговото присуство во тимот ќе значи многу.

Заедно со Несторовски во кампот ќе пристигне и физиотерапевт на италијанскиот калчолигаш Удинезе кој со напаѓачот ќе работи секојдневно на неговото опоравување.
Несторовски ги повреди лигаментите на коленото на тренинг на Удинезе пред завршувањето на сезоната, мораше да замине на операција, а сега е веќе во вториот месец од рехабилитацискиот процес. Се очекува до септември или најдоцна до октомври тој да биде подготвен за враќање на фудбалските терени.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













