
Легендарниот голгетер Андриј Шевченко ја подготвува репрезентацијата на Украина за Европското првенство, а вели дека Македонија му се допаѓа како тим и воопшто не е наивна репрезентација. Украинците ќе бидат вториот ривал на македонските фудбалери на Европското првенство, на 17 јуни во Букурешт.
„Нема слаби селекции и лесни противници на Европското првенство. Тука е кремот на европскиот фудбал. Исто е и во нашата група. Ако бараме фаворит тоа можеби е Холандија, но сите што добро следат фудбал знаат дека ќе биде многу тешко за нас и против Австрија и против Македонија. Австрија е одлична репрезентација, а и Македонија воопшто не е наивна. Холандија ќе игра на домашен терен, има голем квалитет и воопшто не треба да се залажуваме дека се ослабени со неиграњето на Вирџил ван Дајк“, вели Шевченко.
Македонија ќе го отвори Европското првенство на 13 јуни против Австрија, четири деа подоцна ќе игра против Украина во Букурешт, а последниот дуел од групата е на 21 јуни против Холандија во Амстердам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
