
Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го има првиот тест пред Европското првенство. На гости доаѓа Словенија, една квалитетна селекција која ќе открие каква е моменталната форма на избраниците на Игор Ангеловски.
Стефан Ристовски е уверен дека Македонија ќе биде добро подготвена за предизвиците на Европското првенство и во моментот тимот е фокусиран на двата теста.
„Пред нас се два пријателски натпревари на тоа сме фокусирани на нив. Имаме доволно време за добро да се подготвим за Европското првенство. Одамна не сме играле пред публика и ќе биде убаво. Навистина македонската нација заслужи да нè гледа по толку време“, изјави Стефан Ристовски.
Вториот тест за Македонија ќе биде на 4 јуни против Казахстан исто така во Скопје, а на 8 јуни македонскиот национален тим ќе отпатува за Букурешт.
Македонија на ЕП ќе игра во групата Ц заедно со Австрија, Украина и со Холандија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
