Connect with us

Ангеловски: Би сакал навивачите да дојдат и да ги поздрават, овие момци тоа го заслужија

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го има првиот тест пред Европското првенство и ќе игра против Словенија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. По подолг период, дозволено ќе биде присуство на навивачи на стадионот и селекторот Игор Ангеловски вели дека едвај чека трибините да бидат исполнети, барем и делумно, со 30% од капацитетот.

„Ова ќе биде убава можност за навивачите да дојдат и да ги поздрават овие момци за успехот што го постигнаа. Дел од радоста со фановите беше скратена во изминатиот период и искрено, едвај чекаме да видиме како ќе биде да се врати публиката“, изјави Ангеловски.

Словенија е првиот тест пред Европското првенство, дури и да не биде Македонија во најдобриот состав, Ангеловски вели дека ќе оди на победа.

„Секогаш Македонија игра на победа. И на тренинг кога играме тенис фудбал сакаме да победиме. Така ќе биде и на утрешниот натпревар, а можност од стартот ќе добијат 11 фудбалери и јас потполно ќе им верувам. Долго време сме заедно, воиграни сме и имаме неколку тактички варијанти кои ни се добро познати и ги применуваме и во зависност од изборот на фудбалерите ќе се одлучам за потребната тактичка варијанта“, изјави Ангеловски.

Разбирливо, пред Европско првенство, се кријат адутите, се штедат зборовите…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови