Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, откри дека на претстојното Европско првенство ќе навива за Македонија. Нашиот национален тим ќе дебитира на големите натпреварувања и сигурно ќе ги привлече симпатиите на неутралните љубители на фудбалот. Словенија не успеа да се пласира на ЕП, а Македонија за Чеферин е “најблиска” селекција.
“Моите симпатии одат кон Македонија”, истакна Чеферин за португалскиот медиум “Рекорд”.
Македонија во вторник ќе го одигра првиот пријателски натпревар против Словенија во Скопје, три дена подоцна ќе тестира и против Казахстан, а дебито на Европското првенство е закажано за 13 јуни против Австрија во Букурешт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













