
Поранешниот бугарски репрезентативец Благој Георгиев кој се обиде да го купи најтрофејниот македонски клуб Вардар, сега е во улога на посредник за купување на бугарскиот бренд Левски. Тој е главниот контакт меѓу Наско Сираков и бизнисменот Џозеф Диксон, кој како предводник на англиски конзорциум треба да биде нов сопственик на „сините“ од Софија.
31-годишниот Англичанец ги води последните преговори за аквизиција на мнозинскиот пакет акции во Левски. Пред извесно време, Георгиев имаше намера да го купи македонскиот бренд Вардар со своите партнери, но преговорите не успеаја.
Се верува дека Џозеф Диксон веќе го известил раководството на Левски за неговите инвестициски намери. Двете страни во моментов разјаснуваат каков треба да биде првичниот придонес на Англичанецот за да може да добие контролен пакет. Сираков објави дека разговорите со бизнисменот траат веќе половина година и тој е подготвен да инвестира околу 150 милиони евра. Со овие пари долговите на Левски ќе бидат вратени и ќе се состави силен тим. Предвидена е и изградба на целосно нов стадион.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
