
Манчестер Сити го загуби финалето на Лигата на шампионите од Челси (0-1), а најдобриот фудбалер на „граѓаните“, Кевин де Бруин, зарабори сериозни повреди поради кои мораше да го напушти теренот по еден час игра. Во текот на денешниот ден ја доби и дијагозата. Има скршеници на носната коска и на коска на лицето.
„Само што се вратив од болница. Дијагнозата е акутна фрактура на носот и фрактура на левата јаболчица. Сега се чувствувам добро. Очигледно сум разочаран од вчера, но ќе се вратиме посилни“, објави Кевин де Бруин.
Белгиецот се надева дека ќе се опорави навреме за да настапи на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
