
Челси успеа да го освои пехарот во Лигата на шампионите совладувајќи го Манчестер Сити со 1-0 во финалната пресметка на „Драгао“ во Порто. Томас Тухел успеа за само шест месеци на „Стемфорд бриџ“ да го донесе најпосакуваниот пехар во клубот.
Германскиот стратег вели дека тимот имал огромна самодоверба и знаеле дека ќе мора да одиграат перфектно за да го победат Манчестер Сити.
„Манчестер Сити беше силен противник, знаевме дека ни требаше врвно ниво, силна врска меѓу сите на теренот за да имаме шанса да победиме и тоа е она што го сторивме. Многу сум среќен што го споделувам овој момент со тимот и со сите што работат толку напорно во клубот“, изјави Томас Тухел.
Објасни и на кој начин Челси дојде до титулата.
„Сакавме поголем посед на топка, но тоа беше тешко во првите минути. На крајот на првото полувреме беше подобро, создадовме неколку опасни контранапади, но тоа беше многу тешка борба. Ова беше моето второ финале, среќен сум што бев во финалето минатата година, но ова беше некако поинакво, го чувствував тоа. Играчите беа неверојатно решителни да ја освојат титулата. Сакав да бидеме камче што ќе ги боде во нивните копачки, ги замолив да го подигнат нивото на игра, да се осмелат да прават опасни работи кон другиот гол кога ја имаат топката. Каи Хаверц беше храбар, силен и одговори “, додаде тој.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
