Челси е победник во Лигата на шампионите откако во финалето на „Драгао“ во Порто го совлада Манчестер Сити со 1-0. Херој на тимот од „Стемфорд бриџ“ е Каи Хаверц кој во 42.минута успеа да го постигне победничкиот гол за лондонските „сини“. Тоа е негов дебитантски гол во Лигата на шампионите.
„За ова сонував 15 години. Ова е неверојатно чувство. Нема посреќен од мене во моментов, долго чекав и на погодок во Лигата на шампионите. Се погоди да бидам стрелец кога беше најважно“, изјави Каи Хаверц.
Пофалби се Хаверц стигнаа од капитенот Цезар Аспиликуета.
„Тој е фантастичен фудбалер и неверојатен карактер. Ќе биде еден од најголемите фудбалери на светот. Веќе е ѕвезда и ја освои Лигата на шампионите“, истакна Аспиликуета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













