Блескаше во Вардар и се избори за повик во националниот тим, а сега е фантастичен и во турскиот шампионат. Даниел Аврамовски најавува дека сите фудбалери кои се дел од списокот на Игор Ангеловски ќе „гинат“ во дресот на Македонија на дуелите со Австрија, Украина и со Холандија.
„Бев дел од младата репрезентација до 21 година која настапуваше на Европско првенство во Полска, но сега е ова главната сениорска сцена, секако е повозбудливо. Се подготвуваме максимално и можеме да ватиме дека ќе „гинеме“ за дресот на Македонија на сите натпревари на ЕП.Секој од нас има огромна желба да го покажеме најдоброто токму кога ќе биде најважно. Наше е да ги исполниме задачите на селекторот и се надеваме дека повторно ќе ги израдуваме навивачите“, изјави Даниел Аврамовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













