Реал Мадрид остана без трофеј оваа сезона, а тоа значи и можно заминување на Зинедин Зидан од клупата на „кралевите“. Клубот ја чека неговата одлука и ако Зидан реши да замине, тогаш ќе се фокусира на ангажманот на Масимилијано Алегри. Во наредните неколку дена треба да се одржи состанок меѓу Флорентино Перез и Зинедин Зидан, по што биде позната и конечната одлука на францускиот стратег.
А Карим Бензема најавува дека Зидан нема да го напушти кормилото на Реал Мадрид.
„Цела сезона се мачевме со повреди. Речиси никогаш го немаше на располагање комплетниот тим, а до крајот бевме во игра за два трофеи. Разочарани сме затоа што не освоивме пехар, но знаеме дека сите го дадовме максимумот. Зидан не е виновен за оваа ситуација и тоа сите му го потенциравме во соблекувалната. Мислам дека нема да си замине, ќе видите…“, изјави Карим Бензема.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













