Connect with us

Шокантна понуда: Барселона сака размена со Атлетико – Гризман за Феликс

Каталонскиот гигант Барселона се надева дека ќе го задржи Лионел Меси во тимот и наредната сезона, а претседателот Хоан Лапорта му вети на Аргентинецот и дека ќе создаде респектабилен состав кој ќе атакува на титулите во Ла Лига и во Лигата на шампионите. Во најава е доаѓањето на Серхио Агуеро и на Мемфис Депај, а Барселона го посакува и Жоао Феликс од Атлетико Мадрид.

Клубот од „Камп Ноу“ подготвува интересна понуда за Атлетико. Подготвена е на размена во која Антоан Гризман би се вратил на „Ванда Метрополитано“ и повторно би го носел дресот на Атлетико Мадрид, доколку Жоао Феликс пристигне во Барселона. И двајцата фудбалери се проценети на околу 80 милиони евра, а раководството на каталонскиот клуб смета дека од размената сите би имале добивка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови