Connect with us

Бруно Дита: Шкендија сака победа во Велес, по истиот рецепт како и против Македонија ЃП

Лидерот Шкендија денеска (13 часот) гостува во Велес и ќе ги одмери силите со Борец на отворањето на 15.коло од Првата фудбалска лига. Бруно Дита најавува нов триумф на тетовскиот тим кој е силно мотивиран по убедливата победа над Македонија ЃП во минатото коло. 

„Ако играме како на минатиот меч, мислам дека нема да имаме проблеми да оствариме триумф. Јасно ни е дека Борец игра одлично на домашен терен каде вештачкиот тревник им е голема предност. Но, Шкендија сака побда, го знае рецептот и треба само да го примениме. Се зависи од нашето издание во Велес“, најавува Бруно Дита.

Тренерот Ернест Ѓока на располагање ќе го има и искусниот играч за врска Арменд Алим во средниот ред. Тој не беше во тимот на мечот против Македонија ЃП поради семејни причини. 

Борец не се предава така лесно, посебно на домашен терен каде многу ретко ги губи бодовите. Тренерот Горазд Михајлов најавува голема борба. Велешани се мотивирани први да го земат скалпот на Шкендија која и натаму е без пораз во првенството.

„Борец е максимално мотивиран да прикаже добра игра и да забележи позитивен резултат. Шкендија е силен тим, тоа сите го знаеме, но фудбалерите на Борец имаат самодоверба и тоа е многу значајно“, порачува Михајлов.

Останатите натпревари од 15.коло на програмата се утре, со почеток во 13 часот. 

    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови