
Тетекс го совлада Охрид со 1-0 и успеа да обезбеди опстанок во Втората лига Запад и следната сезона. Најголемите честитки одат за фудбалерите кои на теренот ја одработија одличната стратегија на тренерскиот тандем Славчо Георгиевски – Дејан Цветковски.
„Како тренерски тандем дојдовме по второто коло по два порази на Тетекс на домашен терен и мисијата беше да се обезеди опстанок. Првата половина од сезоната ја водевме со играчкиот кадар што ни беше достапен и требаше период за да биде прифатена филозофијата што сакавме да ја наметнеме. Се ослободивме од некои играчи во полусезоната и донесовме 7 квалитетни засилувања и Тетекс беше сосема друг тим во вториот дел од шампионатот“, вели Дејан Цветковски.
Се надоврзува Славчо Георгиевски за вториот дел од сезоната кога Тетекс прикажа многу подобри игри.
„За секоја работа потребно е и време за да даде резултат. Мислам дека одработивме чесно, одговорно, трениравме напорно, добро се подготвивме во Тетово и во Охрид и поради тоа имаше подобри игри и резултати во пролетната полуетапа. Секоја чест за играчите за настапите и благодарност до останатите членови на стручниот штаб, фитнес тренерот Коста Богоевски и тренерот на голманите Миле Спировски. Посебна благодарност и до раководството на клубот и до верната навивачка група Војводи“, истакнува Славчо Георгиевски.
Следната сезона, со нови сили и амбиции, Тетекс можеби ќе се бори и за влез во елитата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
