Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед и ќе остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона, со надеж дека со „црвените ѓаволи“ ќе успее да стигне и до шампионската титула во Премиер – лигата. Искусниот напаѓач во интервју за британските медиуми ја критикува одлуката за воведување на ВАР – систем во фудбалската игра.
„ВАР ви го одзема шармот и суштината на фудбалот. Вие славите откако сте постигнале, а по пет минути тие ви кажуваат дека голот не важи затоа што малиот прстор на ногата или дел од косата ви биле во офсајд позиција. Тоа мора да се промени. Ја разбирам потребата за потврда на одлуките со помош на технологија, но не ваков начин“, вели Единсон Кавани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













