
Кога нема повреди, тогаш удира коронавирусот. Реал Мадрид повторно ќе биде сериозно ослабен во последните два меча од Ла Лига.
Денеска пристигнаа две лоши вести за тренерот Зинедин Зидан. Рафаел Варан сè уште не се опорави од повредата и нема да игра в недела во Билбао, а недостапен ќе биде и Тони Крос кој бил во контакт со заболено лице и мора да биде во строг карантин.
Германецот исто така нема да биде на располагање на Зидан, а од претходно повредени се Карвахал, Лукас Васкез, Серхио Рамос и Менди.
Реал Мадрид мора да го победи Атлетик Билбао и да се надева на неуспех на Атлетико Мадрид, кој ја пречекува Осасуна. Сите натпревари од претпоследното коло од Ла Лига се закажани за в недела со почеток во 18.30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
