Манчестер Сити не успеа да ја прослави титулата во Премиер – лигата против Челси, ривалот со кој ќе се сретне и во финалето на Лигата на шампионите. Лондонскиот тим со пресврт во второто полувреме стигна до триумф (1-2) казнувајќи ги „граѓаните“ за индолентната игра.
Пеп Гвардиола промени дури деветмина во стартниот тим, Де Бруин не беше ниту во ростерот за овој меч, а Гундоган доби шанса во вториот дел.
Рахим Стерлинг во 44.минута донесе водство за „граѓаните“, а во последните мигови од првиот дел Серхио Агуеро не реализира пенал. Се обиде со „паненка“ и се посрамоти, а Едуард Менди лесно одбрани.
Тоа им се одмазди на домашните фудбалери во второто полувреме. Хаким Зијеч во 63.минута го израмни резултатот, а Маркос Алонсо во судиското продолжение донесе победа за Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













