Реал Мадрид утревечер игра многу важен натпревар против Севилја во трката за шампионската титула во Ла Лига, а во тимот на Зинедин Зидан нема да се појави капитенот Серхио Рамос. Тој повторно се повреди, овојпат има истегнување на мускулот на левата нога и сигурно нема да може да настапи на утрешната средба.
Рамос го одигра реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Челси на „Стемфорд бриџ“, а претходно не настапуваше повеќе од еден месец. Сега повторно ќе биде надвор од составот на „кралевите“.
Покрај Рамос, повредени се и Рафаел Варан и Дани Карвахал, па Зидан ќе мора да се потпре на тандемот Милитао – Начо во последната дефанзивна линија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













