Луис Суарез и Лионел Меси се големи пријатели од периодот кога го носеа заедно дресот на Барселона. Но, денеска на „Камп Ноу“ со своите тимови ќе имаат голема битка во трката за шампионската титула во Ла Лига. Суарез сега е член на Атлетико Мадрид и еден од најголемите адути на тренерот Диего Симеоне во трката за трофејот.
Меси влезе во голгетерска форма, ја носи Барселона кон титулата, а каталонскиот тим со триумф против Валенсија на „Месталја“ се опорави од непријатниот пораз од Гранада. Тоа беше можност Барселона да го преземе врвот од Атлетико Мадрид, но не успеа. Денеска тимот на Роналд Куман ќе има нова шанса. Со победа, ќе се искачи на првата позиција на табелата во Ла Лига, барем до утрешниот меч меѓу Реал Мадрид и Севилја.
„Ова е меч кој решава многу работи. Подготвени сме, Атлетико Мадрид е квалитетен тим, но верувам дека ќе успееме да излеземе како победници. Остана уште малку до крајот на Ла Лига и сега треба да се притисне на гас“, изјави Куман во пресрет на денешната пресметка на „Камп Ноу“.
Атлетико Мадрид е лидер на табелата во Ла Лига со 76 бода, а Реал Мадрид и Барселона имаат по 74, на четири кола до крајот на првенството.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













