Италијанскиот калчолигаш Јувентус би сакал да го врати Зинедин Зидан во Торино, но овојпат на клупата на „старата дама“. Клубот ја следи ситуацијата во Реал Мадрид и подготвен е да почне преговори за да го врати Зидан, со оглед дека тренерот на Реал Мадрид размислува за прекин на соработката со „кралскиот клуб“.
Италијанскиот медиум „Тутоспорт“, кој е близок до Јувентус, смета дека Зидан би бил идеалното решение за кормилото на Јувентус, иако има најави дека Масимилијано Алегри е веќе во завршни преговори за враќање во Торино.
Со овој потег Андреа Ањели би го вратил авторитетот што сериозно му е нарушен по одлуката да го приклучи клубот кон Европската Суперлига.
Сепак, нема да биде така лесно да се ангажира Зидан. Тој има годишна плата од 12 милиони евра во Реал Мадрид, а Андреа Пирло во моментот заработува шестпати помалку како тренер на Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













