Полскиот интернационалец Роберт Левандовски би можел да го напушти Баерн Минхен по завршувањето на сезоната. На најдобриот светски фудбалер за 2020 година му е потребен нов предизвик и сака да се испроба во Премиер – лигата.
Пеп Гвардиола и Томас Тухел покрај тоа што ја подготвуваат тактиката за финалето во Лигата на шампионите, водат битка и за ангажман на Левандовски. Како што открива „ЕСПН“, Манчестер Сити и Челси се сериозно заинтересирани за ангажман на Полјакот во летниот преоден рок.
Тухел е подготвен да го продаде Тимо Вернер и да го доведе Левандовски на „Стемфорд бриџ“, а Гвардиола исто така во него гледа идеално решение за напаѓачката позиција по заминувањето на Серхио Агуеро.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













