Connect with us

Пјаниќ се враќа во Италија, во новиот шампион Интер?

Лучијано Спалети би можел да ја отвори вратата за враќање на Миралем Пјаниќ во Серија А, пишуваат медиумите на Апенините. Тој треба да биде нов тренер на Наполи, да го ангажира Марсело Брозовиќ во тимот на „наполитанците“, а тоа би отворило простор за Миралем Пјаниќ да пристигне во Интер.


Босанскиот интернационалец е на излезна врата од Барселона. Спалети е многу блиску до преземање на Наполи, чиј сопственик Аурелио де Лаурентис сака што побрзо да ја заврши работата.

Медиумите во Италија пишуваат дека токму Спалети, со доведување на Брозовиќ во Наполи, би му отворил врата на Пјаниќ да се врати во Серија А.

За Пјаниќ има интерес и од Атлетико Мадрид и од Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови