
ФИФА објави дека квалификациите во Африка за Светското првенство во 2022 година, планирани да се одржат во јуни, ќе бидат одложени за наесен годинава и следната пролет, поради пандемијата на коронавирусот.
„ФИФА може да потврди дека одлучи, заедно со Африканската фудбалска асоцијација, да ги одложи мундијалските квалификации за Африка, поради тековните проблеми предизвикани од пандемијата на Ковид-19 и желбата да се обезбедат оптимални услови за игра“, соопшти Светската фудбалска организација.
Ова е второ одложување на овие квалификации што требаше да се одржат во октомври минатата година. Одложените натпревари ќе се играат во периодот на меѓународни термини во септември, октомври и ноември оваа година и во март следната година.
54 репрезентации се натпреваруваат во африканските квалификации, а се борат за пет места на Светското првенство што ќе се одржи во Катар 2022 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
