Шкендија ќе презими на врвот на табелата во Првата фудбалска лига, а тренерот Ернест Ѓока сака во убав стил да биде заокружена првата полуетапа. Денеска лидерот во Тетово го пречекува составот на Пелистер и шефот на стручниот штаб бара од фудбалерите уште едно квалитетно издание и нови три бода. Потоа ќе следи пауза и малку одмор по напорниот распоред.
„Сакаме во победнички ритам и да ја завршиме есенската полусезона. Нема опуштање до самиот крај, да пронајдеме сили да одиграме добар натпревар за крај и против Пелистер. Ако бидеме на нивото од претходните мечеви, се надевам дека ќе успееме да оствариме триумф“, вели тренерот Ернест Ѓока.
Македонија ЃП на домашен терен ја пречекува Ренова, а и Шкупи е домаќин на Струга Трим Лум. Голманот Кристијан Наумовски исто така најавува победа за составот од Чаир.
„Последно есенско искушение. Да смогнеме сили за триумф и на убав начин да го завршиме првиот дел од првенството. Струга Трим Лум ни е и должник од претходната средба, се надеваме дека сега ќе ги освоиме трите бода“, изјави Наумовски.
Силекс во Кратово го пречекува тимот на Академија Пандев, Вардар и гостува на Беласица во Струмица, а Работнички на домашен терен ќе игра против Борец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













