
Спортистите се најголемите амбасадори на една држава, а да се биде дел од Европско првенство во најважната споредна работа на светот – фудбалот, е фантастично достигнување и сериозна обврска. За таа цел, Владата на синоќешната седница одлучи да биде формирано Координативно тело, чија задача ќе биде да помогне за што подобар настап и презентација на фудбалската репрезентација на Македонија.
„Координативното тело има за цел да ја помогне организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија на ова европско натпреварување“, се вели во соопштението од владата.
Македонија за првпат во историјата ќе биде дел од Европско првенство во фудбал за сениори. Шампионатот ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули, а Македонија се наоѓа во група со Австрија, Украина и со Холандија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal