
Повеќе од 30.000 навивачи на Интер ја прославија во неделата вечер на најубавиот плоштад во Милано „Пјаца де Дуомо“. Тоа е прво „скудето“ за нивниот клуб по пауза од 11 години.
Навивачката прослава почна спонтано набрзо откако второпласираната Аталанта ремизираше на гостувањето кај Сасуоло (101) што на Интер му донесе недостижни 13 бодови предност на четири кола пред крајот на италијанското првенство.
И покрај забраната за групни собирања и мерките за социјална дистанца, илјадници навивачи на Интер со „сино – црни“ знамиња, димни бомби и пеење навивачки песни го „окупираа“ плоштадот пред миланската катедрала.
„Денеска ја славиме титулата, од утре повторно ќе размислуваме за Ковид-19“.
Играчите на Интер титулата ја прославија на социјалните мрежи.
„Сонот стана јаве“, истакна напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, кој објави на Инстаграм видео како вози низ градот со развиорено клупско знаме.
Творецот на шампионскиот Интер, тренерот Антонио Конте, рече дека ова е еден од најголемите успеси во неговата тренерска кариера.
„Среќни сме поради сите овие луѓе, кои работеа Интер да ја освои титулата. Ова е еден од најважните успеси во мојата кариера“, изјави Конте.
🇮🇹 | I M MILANO
— Inter (@Inter) May 2, 2021
1️⃣9️⃣ ⚫️🔵🏆#IMInter #IMScudetto #ForzaInter pic.twitter.com/eqPltatvkN

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
