
Шкупи официјално го отвори трансфер-маркетот во Македонија. Кристијан Трапановски, младинскиот репрезентативец кој во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Академија Пандев, потпиша едногодишен договор со клубот од Чаир. Тој во иднина ќе го носи дресот на Шкупи.
„Ја прифатив понудата на Шкупи затоа што се работи за добро организиран клуб кој има амбиции за шампионска титула и настап во европските купови. Импресиониран сум како Шкупи работи со младите фудбалери, им дава голема шанса, а потоа постои и можност за трансфер во странство. Се надевам дека заедно ќе бележиме успеси во наредниот период“, изјави Кристијан Трапановски по потписот на договорот.
Кристијан Трапановски има и интернационално искуство во Чешка и во Словачка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal