
Македонскиот прволигаш Работнички на спогодбен начин ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ. Во пролетниот дел од првенството ќе има нов шеф на стручниот штаб.
„Дојде до разделба со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ. Во меѓусебен разговор оценивме дека во моментот најдобро е да има спогодбен раскин на договорот со тренерот Достаниќ. ФК Работнички му се заблагодарува за професионалниот пристап и напорната работа и му посакува се најдобро во натамошната кариера. Во наредните неколку дена ќе се посветиме на изнаоѓање најдобро решение за тренерската позиција во клубот“, вели претседателот на клубот, Драган Поповски, за официјалнот сајт на клубот.
Работнички го заокружи есенскиот дел од првенството на седмата позиција со 24 бода. Тимот оствари пет победи, четири порази и имаше девет нерешени исходи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
