
Еден од најдобрите фудбалери на Вардар, Матеј Цветаноски, е на прагот да го напушти најтрофејниот клуб во зимскиот преоден рок и да се пресели во албанскиот прволигаш Тирана. Преговорите се во завршна фаза, а Цветаноски ќе им се придружи на поранешните соиграчи Филип Најдовски и Кристијан Тошевски кои исто така од Вардар направија трансфер во албанскиот клуб. За Тирана потпиша и репрезентативецот Ферхан Хасани.
Цветаноски одигра одлична есен во дресот на Вардар, беше најдобар стрелец на „црвено-црните“ и најверојатно ќе ја продолжи серијата заминувања од клубот. Покрај Цветаноски, на излезна врата од Вардар се Попзлатанов, Петровиќ, Мицевски, Велкоски, Мартинага… Чарлестон веќе замина во Македонија ЃП.
Неизвесноста во Вардар и понатаму е присутна, ситуацијата е се полоша, долговите се таложат, а нема промена во раководните структури.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
