Португалскиот стратег Жозе Мурињо доби отказ од англискиот премиерлигаш Тотенхем. Челниците на клубот оценија дека Мурињо не ги исполнил резултатските цели со оглед дека тимот моментно се наоѓа на седмото место на табелата во Премиер – лигата, со пет бода заостанување во однос на екипите кои се на позиција која води во Лигата на шампионите. Рајан Мејсон, актуелниот тренер на младинскиот тим, ќе го води сениорскиот состав на Тотенхем до крајот на сезоната.
Мурињо дојде во Тотенхем во ноември 2019 година и го презеде тимот од 14.позиција наследувајќи го Маурисио Покетино. Оваа сезона ја почна одлично, но како што одминуваше шампионатот Тотенхем паѓаше се подолу на табелата и ја губи трката за водечките позиции.
Тотенхем в недела го очекува финале против Манчестер Сити во Карабао купот, а клубот донесе одлука да биде дел и од новоформираната Европска Суперлига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













