Брегалница нема проблем и кога игра како домаќин во Кочани. Го совлада Росоман со убедливи 5-1 и цврсто го чува врвот на табелата во Втората лига Исток. Тимот на Марјан Секуловски доминираше од самиот старт обезбеди убедлива предност по првото полувреме.
Марио Наумоски го отвори резултатот во 14. минута, а возврати Росоман преку Дуков. Сепак, до крајот на првиот дел Брегалница постигна уште три гола. Муарем Муарем стралаше за 2-1, од пенал прецизен беше Мартин Стојанов, а Марио Наумоски со вториот гол зголеми на 4-1 за својот тим. Конечниот епилог го постави Андреј Кудијан во 57. минута.
Тиквеш славеше против Росоман со 3-0. Симеон Христов од пенал ја отвори серијата, потоа уште еднаш беше успешен реализатор на најстрога казна, а Костов во 79. минута го постави конечниот резултат..
Кит Го со 1-0 го совлада Кожуф со голот на Марио Рунтев во 26.минута, а Огнен Лазаров донесе водство за Слога Виница против Плачковица, но гостите израмнија (1-1). Саса и Победа исто така ремизираа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













