
Македонскиот прволигаш Пелистер стартуваше со зимските подготовки. Битолскиот клуб ги претстави двете досегашни засилувања, Ристе Илијовски и Дарко Размоски, а потоа шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски го одработи првиот тренинг со екипата.
Во составот се уште се и Фазлиу и Стојановски, се најавува нивно заминување, но тие се уште се под договор со клубот под „Тумбе кафе“. Пејаковиќ и Нето на екипата ќе и се приклучат подоцна.
Пелистер првиот дел од подготовките ќе го одработи во Битола, а потоа од 25 јануари треба да замине на подготовки во Струга каде ќе одигра неколку пријателски натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal