„Гранде Мачедоне“ во интервју за грчкиот медиум „Газета“ уште еднаш истакна дека пласманот на Македонија на Европското првенство е најдрагиот успех во неговата кариера. Горан Пандев е вистински предводник на националниот тим и на 38 години.
„Никогаш не верував дека мојата репрезентација ќе ја видам на еден голем турнир, но како човек верувам во судбина, а таа сакаше ова да се случи. Освоив многу, играв во повеќе клубови, меѓутоа и претходно кажував ги давам сите трофеи за настап со Македонија на ЕП. На натпреварот со Грузија многу добро се сеќавам, за нас тоа беше како да сме го освоиле ЕП, иако само се пласиравме. Насмевката и среќата кај моите соиграчи беше нешто најубаво кое ми се случило во кариерата. На Европското првенство одиме без притисок затоа што немаме што да изгубиме“, изјави Пандев.
Пандев зареди со историски голови. По оној против Грузија за пласман на ЕП, ја затресе мрежата и на Тер Штеген во историскиот меч против Германија.
„Таа ноќ во Дуизбург беше историска. Поминаа две седмици од тој натпревар, а јас искрено не верував дека можеме да направиме такво чудо. Германија 20 години немаше пораз во квалификациите за СП, а ние успеавме да ги победиме. Господ сакал тоа да се случи, не знам што друго да кажам“, истакна Пандев.
Тој напомена дека политика не го интересира, можел во одредени периоди од кариерата да биде член на Олимпијакос или на ПАОК, а кога ќе се спомене Грција, прва асоцијација за него е убав летен одмор.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski