Силекс и Вардар заедно имаат огромен број трофеи во македонскиот фудбал, но оваа сезона влегоа во опасната зона. Оттаму денешната пресметка (13 часот) во Кратово е од огромно значење за двата тима. Поразениот ќе падне во опасната зона и ќе има многу потешкотии да обезбеди опстанок во елитата.
Свесни се за тоа и Горан Симов и Никола Илиевски Џиџи и ќе се обидат да ги подготват фудбалерите за голема битка.
„Знаеме дека ова е еден од клучните натпревар. Добро е познато во каква тешка ситуација е клубот, но тоа што може сите фудбалери да го ветат е максимален ангажман во желбата да оствариме позитивен резултат од Кратово“, истакна тренерот на Вардар, Никола Илиевски – Џиџи, кој неодамна го победи коронавирусот и се врати на тренинзите на тимот.
Силекс се пласира во финалето на Купот на Македонија откако ја елиминира Струга Трим Лум, но и тогаш Горан Симов потенцираше дека тимот мора да се фокусира на мечот против Вардар.
„Направивме историски успех во Купот, но мораме да се насочиме веднаш на мечот против Вардар. Тоа е еден многу важен натпревар за нас со оглед на позициите на табелата“, изјави Горан Симов.
Вардар во моментот е на десеттата позиција на табелата со 27 бода колку што има и Ренова, а Силекс е на 11. место, со 26 бода.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski