
Македонсккиот прволигаш Силекс загуби од украинскиот гигант Шахтјор Доњецк со 4-1 на пријателскиот натпревар што се одигра во Анталија. Кратовскиот тим имаше сили само за едно полувреме и оствари водство (0-1) со голот на Дејан Тантуровски во 42.минута.
Но, во второто полувреме сепак Шахтјор Доњецк ја покажа класата и постигна четири гола за натпреварот да има тек „два во еден“.
Алан Патрик од слободен удар израмни на 1-1 во 55. минута, а десет минути подоцна Виктор Корниенко се погрижи за целосен пресврт.
Третиот гол беше дело на Степаненко со удар од далечина во 69.минута, а во судиското продолжение Додо по корнерот на Алан Патрик го постави конечниот епилог, 4-1 во корист на Шахтјор Доњецк.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
