Фудбалската репрезентација на Македонија го загуби (3-2) од Романија првиот меч во квалификациите за Светското првенство во Катар. Неискористените шанси на Несторовски, Елмас, Пандев, Адеми, можеби и акцијата на Ристиовски по која имаше пенал, ќе останат само поука за во иднина. На мечевите на највисоко ниво, со врвни селекции, секоја наивност се плаќа.
„Дефинитивно можевме до бод и ако добро анализираме, секако неискористените шанси се клучниот фактор поради кој загубивме. Имавме навистина многу шанси, не се сеќавам кога сме имале повеќе на еден меч против квалитетна селекција како Романија. Мислам и дека при вториот гол, кој беше прекрасен на Михаила, дел од играчите како да подзастанаа мислејќи дека топката ќе оди во аут, затоа што еден фудбалер лежеше повреден на теренот, но Романците продолжија и зголемија на 2-0. Успеавме да се вратиме, но на крајот едно мало невнимание, можеби и момент на среќа кога топката дојде до Јанис Хаџи, сепак, пресудија Романија да го победи натпреварот“, анализира селекторот Игор Ангеловски.
Македонија в недела го игра следниот квалификациски натпревар против Лихтенштајн во Скопје.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski