
МАКФУДБАЛ во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива (1-0) против Романија по првото полувреме на Националната арена во Букурешт, во воведниот меч од новиот квалификациски циклус за СП 2022 во Катар. Стрелец на голот за Романците беше Флорин Танасе во 28.минута, а Македонија не искористи четири одлични шанси. Две од нив го имаше Илија Несторовски, по една капитенот Горан Пандев и Елиф Елмас.
Во осмата минута првата фантастична шанса за Македонија. Ја подготви Алиоски, Несторовски при зицер промаши цел фудбал, Пандев уште еднаш му подготви шут, но Нестор не го погоди голот.
Денис Ман возврати со шут откосо од десната страна, но Столе Димитриевски беше сигурен, исто како и при ударот на Банку во 15.минута.
Во 22.минута, Горан Пандев доби одлична топка, се обиде да го лобува голманот Флорин Ница, но топката отиде за малку над гредата.
И потоа дојде казната. Грешка на Елиф Елмас на средината на теренот, тежиштето се префрли во полето на Македонија, Флорин Танасе доби топка меѓу стоперите, излезе сам пред Столе Димитриевски и погоди во спротивниот агол за водство на Романија во 28.минута.
Четири минути подоцна, Македонија со колосална шанса за израмнување. Пандев одлично го проигра Елиф Елмас кој откосо од десната страна шутираше крај голот.
Во 38.минута, уште една убава можност за Илија Несторовски. По центаршутот на Николов, напаѓачот на Удинезе шутираше со глава, директно во голманот Флорин Ница.
Разван Марин добро го загреа Столе Димитриевски со удар од 30 метри, а во 45.минута, Горан Пандев падна во шеснаесетникот, бараше пенал, но доби жолт картон за „глума“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо: Сѐ поблиску сме до Мундијалот

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
