
МАКФУДБАЛ во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Без промени во однос на најавениот состав на фудбалската репрезентација на Македонија. Селекторот Игор Ангеловски се одлучи за формација 3-5-2, без повредениот Дарко Велковски и без Аријан Адеми кој ќе чека шанса од клупата.
Елмас, Пандев и Несторовски ќе биде офанзивното трио, во средниот ред како поддршка Барди и Николов, заедно со Алиоски и Ристовски по странични позиции. Во дефанзивата, Бејтулаи, Муслиу и Ристевски, а на голот Столе Димитриевски.

Мирел Радои излезе од изолација со втор негативен тест за Ковид-19 и направи неколку промени од најавениот состав. Ги нема Јанис Хаџи и Георге Пушкаш меѓу стартерите, а уфрлени се Клаудиу Кешеру како најистурен во нападот и Флорин Танасе, како и Флорим Коман веднаш зад него.
Марин и Станчиу се во срцето на средниот ред на романската селекција, а во одбраната покрај Кирикеш се Попеску, Бурча и Банку. На голот е Флорин Ница.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
