
Македонскиот прволигаш Македонија ЃП загуби со 1-0 од бугарскиот тим ЦСКА Софија 1948 на пријателскиот натпревар во Анталија, Турција. Тимот на Жикица Тасевски одигра конкурентно, но, сепак, беше за нијанса послаб од ривалот од Бугарија.
Мартин Топузов во 18.минута беше стрелец на победничкиот гол за ЦСКА. Тој со одмерен удар успеа да го совлада Стевковски.
Во 60.минута, Робсон да Силва со силен удар ја погоди гредата, а потоа Наумов спаси израмување на гол-линијата. До крајот, и ЦСКА успеа да ја затресе гредата, но остана 1-0 како конечен епилог на дуелот.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement