Пари Сен Жермен претрпе неочекуван пораз (1-2) на домашен терен против Нант и не успеа да се израмни со Лил на водечката позиција на табелата во францускиот шампионат. „Светците“ сега заостануваат три бода зад лидерот.
Тимот на Маурисио Покетино одигра лош натпревар, но и покрај тоа имаше предност на полувремето. Во 43.минута мрежата на Нант ја затресе Џулијан Дракслер.
Сепак, фудбалерите на ПСЖ како да помислија дека работата е веќе завршена, а тоа Нант знаеше да го искористи. Коло Муани во 59.минута го израмни резултатот, а Мозес Сајмон во 71.минута се погрижи за целосен пресврт на овој меч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













