Шпанскиот репрезентативец Саул Нигез сака да си замине од „Ванда Метрополитано“ и за тоа го известил раководството на Атлетико Мадрид. Тој целата досегашна кариера ја мина во овој клуб и почувствувал дека е време за разделба.
Медиумите во Шпанија откриваат дека Саул Нигез добил понуда од европскиот и светски првак Баерн Минхен и сака по завршувањето на сезоната да се пресели на „Алијанц арена“. Тој има желба да се испроба и во Бундес – лигата.
Пред една година Саул имаше понуда да потпише и за Манчестер Јунајтед, но Атлетико Мадрид ја одби понудата. Интересно е дека фудбалерот за врска има потпишано долгорочен договор со клубот. Тој се обврза на деветгодишна верност кон Атлетико Мадрид, одработи четири сезони и има потпишано до јуни 2026 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













