
Апсењето на криминалецот Вељко Беливук, наречен Веља Невоља, и истрагата за поврзаноста на високи структури од власта во Србија, се уште ја тресе јавноста кај северниот сосед. Тој цела година пред да биде уапсен, со себе носел рачна бомба и на најблиските соработници им велел дека нема да дозволи жив да им падне во раце на полициските сили. Но, тоа не се случи.
Медиумите во Србија го открија и психолошкиот профил на Вељко Беливук, кој неколку години бил еден од водачите на навивачката група „Гробари“.
„Веља ја носеше бомбата исклучиво за себе. Стравуваше дека ќе падне во рацете на „скалперите“ или на некој друг ривал. Тој рече дека повеќе би сакал да се разнесе, отколку некој да го измачува. Беливук носел бомба, како последно ниво на одбрана, за да не остави ништо на случајот, но и на крајот да го убие оној што му пришол“, анализираат полициските органи.
Но, носењето на бомба има своја „историја“ од раното детство на Веља Невоља.
Беливук преживеал семејна трагедија предизвикана од бомба. Неговиот татко Небојша изврши масакр пред 26 години во семејниот стан кога активираше рачна бомба. Таткото на Веља ја активирал бомбата на 13 февруари 1995 година и се самоубил, а ги убил и сопругата Бранка (31) и нејзината мајка Мирјана Младеновиќ (55). Во моментот на трагедијата, деветгодишниот Вељко и уште едно дете биле во станот. Експлозијата го разнела станот, а за чудо тие преживеале.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal