
Новиот претседател на Барселона, Хоан Лапорта, сака да го задржи Лионел Меси на „Камп Ноу“ и следната сезона. Неговиот договор истекува во јуни, а аргентинската ѕвезда имаше големи недоразбирања со претходното раководство на каталонскиот клуб и најави дека ќе си замине на крајот од сезоната. Сепак, сега развојот на настаните би можел да се промени и во позитивна насока за Барселона и Меси.
Лапорта го поканил Хорхе Меси, таткото на Лео Меси кој е и негов агент, на разговори на „Камп Ноу“. Сака да му ја претстави новата визија на клубот и да му потенцира дека секако Аргентинецот е меѓу врвните приоритети на новото раководство.
Евентуалното заминување на Лионел Меси го очекуваат другите европски гиганти. Манчестер Сити и Пари Сен Жермен јавно се изјаснија дека ќе се обидат да го ангажираат аргентинскиот фудбалски генијалец доколку и дефинитивно одлучи да ја напушти Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
