
Работнички има сосема нов лик. Напаѓачки, агресивен, одлично организиран во средниот ред, со цврста одбрана и квалитетен голман. Александар Влахо се врати во клубот од Дебар Маало да докаже дека е млад стратег кој сака да внесе модерни идеи и да ги прилагоди на нашиот македонски фудбал.
И ако се суди според почетокот на пролетта, тоа одлично му оди. Работнички е без пораз, со две победи на гостински терен, а ако треба малку повеќе да посвети внимание, тоа е играта и резултатите како домаќин. Рака на срце, тимот на Александар Влахо ја надигра и Шкендија.
„Романтичарите“ делуваат моќно, компактно и се гладни за резултати. Заслугата за ваквата трансформација оди кај Александар Влахо кој е изборот на МАКФУДБАЛ за најдобар тренер на 22.коло во Првата фудбалска лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski