Работнички игра одличен фудбал во пролетната полусезона, брз, динамиче, а во таквиот систем на игра на тренерот Александар Влахо одлично се вклопува Кристијан Стојкоски. Брзината е негов голем адут, технички одлично поткован, како измислен е за улогата што му ја довери шефот на стручниот штаб на Работнички. Да игра веднаш зад напаѓачот Прелчец, со комплетна слобода и голем радиус на движење, да менува страните од каде ќе го напаѓа противникот.
Стојкоски на најдобар можен начин ја искористи довербата, игра одлично, беше стрелец на гол и асистент во триумфот на Работнички на гости против Шкупи. Го заслужи епитетот најдобар играч на 22.коло во Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ.
Во следното коло, Работнички на домашен терен го пречекува составот на Академија Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













